Политика за приватност

ДЕЛТА АРОМАТИК ДООЕЛ (ул. Неготинска бр.19, Скопје, даночен број МК 4030999365117, ЕМБС 5296617) ги почитува вашите лични податоци и ги обработува согласно Законот за заштита на личните податоци.

Кои податоци ги собираме

  • Име и презиме, адреса, град, телефон и (по желба) е-пошта – за да ја испратиме и доставиме нарачката.
  • Забелешки што ги пишувате при нарачката.

Зошто ги користиме

Податоците ги користиме само за обработка и достава на нарачката и за контакт во врска со неа. Ги споделуваме само со курирската служба (Карго Експрес) колку што е потребно за доставата.

Колку долго ги чуваме

Податоците за нарачките ги чуваме онолку долго колку што е потребно според прописите за сметководство и даноци (5 години). Податоците за контакт и билтен (ако сте се пријавиле) ги чуваме додека не ја повлечете согласноста.

Вашите права

Имате право на пристап, исправка и бришење на вашите податоци. Пишете ни на paunovski@deltaaromatik.com.mk или јавете се на 070 244 281.

Колачиња

Сајтот користи само неопходни колачиња за кошничката и наплатата.